Во семејството Костојчиноски Слободан - Марјан одамна постои традиција на валање.
Тајните на занаетот се пренесуваат од поколение на поколение.
Местоположбата на овој комплекс „ Вир и валавица “ го прави уникатен во нашата земја Македонија а и пошироко.
Во овие две „ ФАБРИКИ “ кои се изградени од камен и дрво, а основен двигател е водата, може да се извала волнено-ткаеното платно наречено КЛАШНА и да се исперат сите индустриски произведени ткаенини: јамболи, килими, теписи, ќебиња и др.
Еј! Синови, внучиња, снаи мили, валајцата ти е фабрика на најздравиот текстил. Често пати многумина искрено и од срце велат: „ Ах да имаме валајца, море каква ти фабрика. Ќе си ги изваламе веленцата, клашните, килимите..... по мерак- ем брзо, ем природно, ем чисто и здраво.